top of page

Уште едно изненадување на Мастерсот: Медведев „нокаутиран“ во Мајами

Данил Медведев имаше импресивен настап на Мастерсот во Индијан Велс каде беше запрен дури во финалето и тоа од Јаник Синер, па со оглед на нивото што го покажа тениските фанови очекуваа да блеска и во Мајами.

Меѓутоа на овој турнир тој дојде само до втората рунда каде денеска доживеа пораз од Франсиско Серундоло. Русинот беше надигран во три сета со 6-0, 4-6, 7-5 по скоро два иапол часа игра и со тоа потврди дека се уште нешто му недостасува да го врати, има стариот сјај кога беше меѓу најдобрите на светот.

Од друга страна пак Серундоло докажа дека обожава тука да игра затоа што по четврти пат обезбедува четврта рунда и тоа во пет настапи.


 
 
 

Comments


bottom of page