Уште едно големо признание од ЕХФ: Македонија ќе биде домаќин на Европско првенство во ракомет во 2028 година!
- Aleksandar Santovski
- 2 hours ago
- 1 min read
15.06.2026 juni ponedelnik
Добрата и напорна работа на Македонската ракометна репрезентација редовно добива признанија од страна на Европската ракометна Федерација, па откако Извршниот комите одлучи нашата земја да биде домаќин на еден важен настан, денеска пристигна и официјална повтрда.
Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство на кадети до 18 години, а одлуката која беше најавена за време на завршниот викенд во Лигата на шампиони, ова попладне беше официјално парафирана.
– Ракометната федерација на Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028.
– Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа.
– Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот.
– Доделувањето на организацијата на ЕХФ ЕУРО 2028 претставува уште едно значајно признание за македонскиот ракомет и потврда за континуираната работа на Ракометната федерација на Македонија во развојот и промоцијата на спортот на меѓународно ниво, – гласи објавата на РФМ.






Comments