top of page

Уште една голема промена во ЛШ: УЕФА потпиша нов милионски договор и се откажа од традиционалната топка (Фото)

2 days ago
1 min read

16.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Европската фудбалска унија и познатиот спортски гигант Најк постигнаа историски договор со кој елитниот американски бренд станува официјален снабдувач на топки за сите машки европски клупски натпреварувања на УЕФА.

Со оваа одлука завршува повеќедецениската доминација на германскиот бренд Адидас во најелитното фудбалско натпреварување на стариот континент, а означува и крај на една ера кога се фудбалските топки во прашање.

Новиот договор чија вредност се проценува на околу 40 милиони евра годишно, ќе започне да важи од следната сезона 2027/28 и ќе трае четири години, се до 2031 година.

За прв пат во историјата на УЕФА, еден ист производител ќе ги обезбедува официјалните топки за сите три главни машки турнири, односно Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, но тоа ќе важи и за натпреварите од Суперкупот на УЕФА и Младинската лига.

Овој потег означува крај на една значајна ера, бидејќи Адидас беше заштитно лице на Лигата на шампионите цели 26 години, уште од 2001 година кога беше претставена култната топка со ѕвездички.

Адидас како бренд го задржува тој дизајн и истиот нема да може да биде користен од друг производител во иднина, па фудбалската јавност сега со нетрпение очекува да види каков нов визуелен идентитет ќе понуди Најк. За американската компанија ова претставува големо враќање во европската елита, откако последен пат ги произведуваше топките во Лигата на шампионите во периодот од 1998 до 2001 година.


 
 
 

Comments


bottom of page