Уште еден странец заминува од Вардар и оди во Франција! ракомет
- Aleksandar Santovski
- 6 days ago
- 1 min read
28.03.2026 Mart Sabota
Mакедонскиот ракометен суперлигаш Вардар 1961 веќе работи на формирање на ростерот за следната сезона, а покрај засилувањата ќе има и заминувања.
Тренерот Иван Чупиќ пред извесен период потврди дека летово од вардаровото семејство ќе си замине најдобриот ракометар – Дмитро Хориха, а како што дознава Gol.mk нова средина ќе има и аргентинскиот среден Николас Боно. 28-годишниот ракометар се враќа во Франција, каде ќе го облече дресот на Тулуз.
Аргентинецот со Вардар се договори уште минатата сезона, на барање на тогашниот тренер на „црвено-црните“ Гиљермо Милано, но со доаѓањето на Иван Чупиќ не добива поголема минутажа и неговото заминување беше за очекување.
Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за пред да го засили Вардар 1961 настапуваше за Истр.
Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.






Comments