Search
Уште еден медал за Македонија: Консевиќ освои бронза во Таранто
26.08.2026 Avgust Sreda
Вероника Консевиќ е најновата спортиска која успеа да освои медал за Македонија на Медитеранските игри во Таранто.
Таа дојде до бронзата на овој настан откако денеска славеше над Милица Перовиќ од Србија со 7-5. Консевиќ не претставуваше во категоријата слободен стил до 57 килограми, односно ја продолжи низата на успеси на македонските борачи затоа што вчера горди не направија Фати Вејсели, Ахмад Магомедов и Реџеп Хајдари.
Инаку Вероника е вистински пример за посветеност, работа, ангажираност и дека се може да се направи, постигне кога се сака затоа што таа во Таранто допатува со своето 11-месечно бебе кое ѝ беше дополнителена мотивација за успех.







Comments