top of page

Уште две ѕвезди во новиот филм на Нолан

Роберт Дауни Јуниор и Мет Дејмон ќе се појават во „Опенхајмер“, новиот филм на Кристофер Нолан, пишува „Вераети“. Сѐ уште не е познато кого ќе го глумат Дауни Јуниор и Дејмон во филмот, а продуцентите најавуваат дека наскоро ќе разговараат за тоа. Претходно беше потврдено дека ирскиот актер Килијан Марфи ќе ја игра главната улога во „Опенхајмер“, како и дека Емили Блант потпишала да ја игра улогата на неговата сопруга Кетрин. „Опенхајмер“ ја носи приказната за американскиот физичар чија улога во водењето на лабораторијата во Лос Аламос и учеството во проектот „Менхетн“ доведоа до тоа да биде наречен татко на атомската бомба. Сценариото и режијата се на Нолан, додека во продукцијата ќе му се придружи Ема Томас. Филмот е заснован на книгата „Американски Прометеј: Триумфот и трагедијата на Џ. Роберт Опенхајмер“ од Каи Бирд и Мартин Џеј Шервин, која е добитник на Пулицерова награда. Сè уште не е познато кога ќе започне снимањето, но Нолан потврди дека филмот ќе биде премиерно прикажан во јули 2023 година, термин што претходно се користеше за неговите филмови.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page