top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Утрово во 6:40 часот почина Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци.Познатите се простуваат - Беше „Доктор на науки за естрада“ фото и видео

01.11.2024 Noemvri Petok

Зоки Фаци почина по долга борба со ракот. Веста за неговата смрт ја објави водителот Стефан Лазаров на својата Фејсбук страница.

„По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам“, напиша Лазаров.

Зоки Фаци важеше за еден од најпровокативни естрадни новинари во Македонија.

Кариерата ја почна во дневниот весник „Вест“, а потоа работеша како водител на естрадниот магазин „Фаци“ во А1 телевизија, од каде што го доби и прекарот кој го следеше цела негова кариера.

Последниот професионален ангажман го имаше заедно со Стефан Лазаров, во нивниот заеднички поткаст.


Познатите се простуваат од Зоки Фаци - Беше „Доктор на науки за естрада“

Познатите личности од македонската естрада се простуваат од Зоки Фаци кој почина рано утрово. Тој ја изгуби битката по долга борба со ракот, а веста за неговата смрт ја објави водителот Стефан Лазаров на својата Фејсбук страница.

„По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите. Сочувство до фамилијата и блиските“, напиша Лазаров.


Зоки Фаци важеше за еден од најпровокативни естрадни новинари во Македонија кој на многумина им беше верен пријател и искрен критичар. 

- Наместо збогум... Зоки-Фаци... контроверзен, озборуван, екстравагантен, скандалозен, необичен, поразличен, чуден... Можеби, за многумина... За мене врвен естраден новинар, полн со информации, шпекулации, сознанија... Директен и конкретен, без страв да го каже или праша она што другите го знаат, а си молчат, чувајќи си го, знаете веќе што... Врвен професионалец, а кон мене и човек, кој новинарскиот занает го знаеше и владееше многу повеќе од мнозинството т.н. „онлајн copy-paste колеги“... Доктор на науки за естрада! Се' друго беше негова лична и приватна работа! Патувај мирно Фаци... Нека ти е светол патот кон вечноста... напиша познатиот естраден новинар Антонио Димитриевски. 

- Никогаш не знам во вакви моменти што да напишам, а најмалку, пак, сега кога за тебе и тоа како имам да пишувам фермани. Од моментот кога прв пат ја отвори вратата на Вест, кога ми ровареше по тефтерот, па до пред некој ден кога со тешко срце сватив дека нема да ја извојуваш битката. Ама се надевав, до утрово се надевав дека ќе се случи чудо, дека ова е само лош сон. Ама не било сон бе Зоки, не било ништо од тие соништа кои сакаше да ги оствариш. Веќе нема ништо од рубриката Живот, ни Вест го нема, а веќе ни тебе те нема. И не е веќе исто, зашто такво ликче како тебе веќе не се раѓа!  И во ваков претажен момент успеа да ме насмееш со твоите лудости, напиша новинарката Весна Миленковска. 

- Сега си слободен. Ќе те сакам секогаш и никогаш нема да те заборавам, мој најдобар пријателе, сподели Хелена Роза која му беше пријателка на Зоки. 

- Почивај во мир драг Зоки. Патувај онаму каде што овоземското лицемерие, човечко зло и неправдите ги нема. Небеско царство. Бог да го прости, порача во својата проштална порака Боки 13. 

-  Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за живот. Ќе фалиш Зоки. Сега ти е сигурно подобро. Патувај низ бескрајот, напиша на социјалните мрежи пејачката Тамара Тодевска. 

- Нема да ставам црнобела фотографија. Ти каде и да се појавеше внесуваше боја и енергија. Сите ги чекавме твоите изјави и твоето оригинално 'Клошари едни нискобуџетни“, напиша Снеже Велков на Инстаграм. 

Како што објави на социјалните мрежи неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров, последниот поздрав ќе биде в недела во 12 часот во црквата „Св. Никола“ во Катланово, а во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.

Видео од телевизија 24 https://24.mk/


Видео од емисијата Backstages

Емисија од Зоки Василевски Фаци на 1 ТВ 2017


9 views

Comments


bottom of page