Search
Утре првиот Октомвриски турнир
Според календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, коњичкиот клуб од Скопје, Анималс, утре на терените на клубот во населбата Дрма (Идризово), ќе ги одржи првиот Октомвриски коњички турнир и третото коло од отвореното Лига-првенство во прескокнување пречки за годинава.
Турнирот и Лига-првенството се закажани со почеток во 11 часот, а предвидени се два натпревара во прескокнување пречки со височина од 0,90 до 1,20 метри.
Г.И.

Commentaires