Утре на небото нè очекува вистински спектакл
Супер сината месечина ќе го осветли ноќното небо на 30 август. Месечината нема да биде сина, туку тој термин значи втора полна месечина во рок од еден месец. Имено, првата полна месечина овој месец можеше да се види на 1 август, додека втората (сина) ќе биде во среда. Во просек, супермесечината е околу 16% посветла од просечна месечина. Изгледа и поголема од просечната полна месечина. Феноменот се јавува кога орбитата на Месечината е најблиску до Земјата, во исто време кога месечината е полна. Супермесечината на 30 август ќе изгледа уште поблиску до Земјата отколку полната месечина на почетокот на август. Последната од четирите последователни супермесечини оваа година ќе биде Месечината на жетвата на 28 септември. Оние кои ќе ја пропуштат утрешната супер сина месечина ќе мора да чекаат доста време пред следната. Имено, додека околу 25% од полните месечини се супермесечини, што е доста вообичаено, само 3% од полните месечини се сини месечини, според НАСА. Следната сина месечина нема да биде видлива до мај 2026 година. Во 2037 година овој феномен ќе биде видлив и во јануари и во март. Терминот „супермесечина“ ја опишува близината на полна месечина до Земјата за време на нејзината полна фаза, што предизвикува таа да изгледа поголема и посветла на ноќното небо. На 30-ти август, Месечината ќе биде особено блиску, само 357.344 километри. Супермесечина не е официјален, астрономски термин, туку кованица измислена од набљудувачите на небото и медиумите. Астрономите ги користат термините Месечина во перигеј и Месечина во апогеј.
Comments