top of page

Урнат рекорд стар речиси 30 години: Во Лондон испишана историја на несекојдневен начин

20.07.2026 Juli Ponedelnik

Британскиот атлетичар Џош Кер (28) испиша историја на митингот од Дијамантската лига во Лондон, откако постави нов светски рекорд во трката од една милја. Тој ја истрча делницата од 1,609 метри за неверојатни 3:42,66 минути.

Актуелниот олимписки вицешампион и светски шампион од 2023 година на 1,500 метри така го надмина рекордот што 27 години го држеше една од најголемите легенди на атлетиката, Мароканецот Хишам Ел Геруж.

Ел Геруж го постави рекордот во 1999 година во Рим, кога ја помина целта за 3:43,13 минути.

Со овој резултат, Британецот уште еднаш го потврди својот статус како еден од најдобрите тркачи на средни патеки на денешницата и зазеде посебно место во историјата на атлетиката.

Американецот Џаред Нагузи го освои второто место со време3:45,69, а трет беше Британецот Џејк Хејвард, кој истрча личен рекорд од 3:46,73.

Новиот светски рекорд не беше само резултат на идеални услови и добро организирана трка, туку пред сè, доказ за врвната форма на Кер.


 
 
 

Comments


bottom of page