top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Упорниот Кристијано се извини и презентираше нова прослава на театарот на соништата (Видео)

Кристијано Роналдо е главна вест вечерва на „Олд Трафорд“, а причина за тоа е партијата која ја имаше против Шериф, само осум дена по фудбалскиот земјотрес кој го предизвија во Манчестер. Португалецот професионално ја одлежа казната и суспензијата од Ерик Тен Хаг и денеска се најде во стартната постава на мечот во Лига Европа, на кој имаше едно големо промашување, но беше доволно упорен за да се запише во листата на стрелците. Роналдо загуби неколку директни соочувања со голманот Ковал, но во 81-та минута конечно успеа да го пробие и постигна гол за водство од 3:0. Португалецот презентираше нова прослава на театарот на соништата и со истата им се извини на навивачите на Манчестер Јунајтед, кои пак возвратија со голема љубов, скандирајќи го неговото име. Со ова, верните фанови на Јунајтед покажаа дека се уште силно го поддржуваат неверојатниот голгетер, за кого ова беше 701-ви гол во клупската кариера. Претходно, сигурно водство за Јунајтед обезбедија Дало и Рашфорд.



1 view

Comments


bottom of page