top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Уништување“ – роман на Божидар Божиновски познат како Moџо Килингтон

Романот „Уништување“ е трета книга на писателот, сценаристот, активистот на социјалните мрежи Божидар Божиновски познат како Moџо Килингтон.

„Главниот протагонист во ‘Уништување’ е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ. Се гледа во огледалото во тоалетот на еден бар и се прашува: ‘Кој сум јас?’… Изгледаше… Поинаков. Тоа не беше човекот кој го знаеше. Ниту човек кој сака да го запознае. Тоа беше маска на еден минат живот на кој му стави крај кога уринираше врз фикусот на директорот на клиниката. Првата вечер кога се почувствува слободен, ја поминува во ќелија во полициската станица каде што запознава млада девојка. Следуваат ноќи исполнети со забави, алкохол, дрога и секс…“, ќе посочи издавачот „Арс Ламина“ за овој емотивен, брутално соголен, интензивен и во филмски манир напишан роман.


3 views

Comments


bottom of page