Уништениот Дел Потро: Не можам да возам, не можам ни да се качам по скали без болка
Хуан Мартин Дел Потро е еден од тенисерите за кој може да се каже дека повредите ја уништија неговата кариера, односно да не беа истите дефинитивно ќе можеше да направи многу повеќе.
Тој своевремено беше трет најдобар играч на светот, триумфираше на Ју-Ес Опен во 2009 година, освои медали на ОИ во Лондон и Рио Де Жанеиро, триумфираше вкупно на 22 турнири што јасно покажува дека кога бил фит и подготвен популарниот Дел По беше вистински ривал за Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мари и компанија.
Меѓутоа операциите и повредите го оставија без уште поголема кариера, но во исто време тој денеска трпи големи последици.
-Денес можам само да одам. И тоа на улица. Не можам да го направам тоа на стаза за брзо одење. Не можам да се качам ни по скали без болка. Ниту пак можам да возам автомобил долго време, бидејќи морам да паузирам за да ги истегнам нозете. Тоа е мојата реалност. Тешко е и тажно, -вели уништениот Аргентинец.
-Неодамна бев во Швајцарија, посетив лекар. Третманот што тој го препорача и кој им помогна на многу тенисери, немаше ефект врз мене. Во мојата глава, сè уште не можам да се навикнам на животот без тенис. Немав постепен премин во пензија. Немав шанса да се подготвам за тоа, немам претстава како тоа оди другите играчи. Бев трет тенисер во светот и одеднаш ми се скршија двете колена. И сега сум тука, без ништо, заклучи рекетот од Тандил.
Comments