top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Уникатна сцена од првиот тренинг на ПСЖ: Големиот талент на „светците“ го освои Лео со пораката која


Лионел Меси вчера го одработи првиот тренинг во ПСЖ, но додека цела јавност говореше за неговата средба со големите ѕвезди и пред се за прегратката со Серхио Рамос, во Шпанија доста голем интерес привлече и едно видео од официјалната телевизија на „светците“.

За време на првиот работен ден во тренинг центарот на клубот, Меси имал краток разговор и со еден голем талент на ПСЖ, 17-годишниот Исмаел Гарби кој успеа да го воодушеви и Покетино од зборовите кои му ги упати на големиот Лео.

Надежниот 17-годишен Гарби тренира со првиот тим на ПСЖ, а во последните неколку часа стана и вирален хит поради тоа што се осмели да му се обрати на Меси на шпански јазик.

– Ако ти е потребно нешто, тука сме за тебе, – му порача Гарби на Меси, по што воодушевени останаа и тој и Покетино.

– Каква големина, вистински ѕвер, – порача насмеаниот Покетино.



1 view

Comments


bottom of page