Search
Уникатна сцена во Италија: Голманот мислеше дека добил фаул, па прими бизарен гол
- Aleksandar Santovski
- Nov 8, 2023
- 1 min read
Италијанската Серија Д не може да се пофали со посебен фудбалски квалитет, но затоа често може да понуди бизарни моменти за забава на фановите.
Вирален хит на социјалните мрежи стана моментот од дуелот меѓу нисколигашите Матезе и Авецано, на кој по тврд натпревар со резултат 0:0, гостите стигнаа до победа на уникатен начин.
Домашниот голман при една интервенција имаше судир со соиграч и очигледно сметаше дека му е суден прекршок, но судијата покажа само да продолжи играта.
Кога голманот реши да го „изведува“ слободниот удар, гостинскиот напаѓач Ортолини го искористи подарокот и постигна гол за победа во 95. минута.

Comments