top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Унгарец го одбил Вардар за да потпише за Татран Прешов

Поранешниот македонски шампион Вардар 1961 се обидува да состави конкурентен тим за новата сезона, но на пазарот се соочува со интересни предизвици, ситуации кои беа незамисливи до пред неколку години.

Некои играчи ги одбиваат „црвено-црните“ и се решаваат за други опции иако за нив е заинтересиран двократниот европски шампион. Таков е случајот со унгарскиот кружен напаѓач, Марк Ковач кој го избрал Татран Прешов пред клубот од „Јане Сандански“.

-Избравме од околу десет кружни напаѓали кои беа достапни на пазарот. Изборот конечно падна на овој робустен играч. Заедно со тренерот баравме стожер на новиот систем на игра кој сакаме да го играме од новата сезона. Марк имаше и неколку понуди. На пример, тој го одбра Татран пред понудата од Вардар за што се радуваме. Веруваме дека направивме добар избор и тој ќе ги исполни нашите очекувања, -изјави директорот на Татран Прешов, Маријан Магдошко.

Ковач има 26 години, висок е 199 сантиметри, а во досегашната кариера има настапувано за Орадеа, Доброва, Егер и Спорт-36 Комло.


1 view

Comments


bottom of page