top of page

Уметникот Цветин ќе додели осомартовски цртежи на мајките, новороденчињата, наставничките и ученицит

08.03.2021 mart ponedelnik

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, уметникот Живко Поповски – Цветин денеска во Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје ќе им подари свои цветни цртежи на мајките и бебињата новороденчиња.

Исто така, денеска и во Битола во основното училиште „Елпида Карамади” во рамките на пригодната програма со поезија, рецитации и музика, ќе бидат подарени 80 цртежи од уметникот Цветин на децата, на наставничките и на женскиот дел од колегиумот, а две големи слики со негов потпис ќе бидат доделени на училиштето.

И во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во битолското село Бистрица, околу 50 негови цртежи ќе бидат доделени на децата и на наставниците.

Оваа таканаречена „Цветната штафета“ од утре продолжува и во училишта во скопската населба Бутел, но и понатаму низ земјава.


 
 
 

Comments


bottom of page