Ултрасите на Интер со порака за Лукаку: Сега си само еден обичен член на екипата
Италијанските и англиските медиуми уште вчера најавија дека Ромелу Лукаку дефинитивно се враќа во Интер, а денеска стигна реакција и од ултрасите претставувани од групата „Курва Норд“.
Белгиецот му помогна на Интер да ја освои титулата во Серија А, по што реши да ја прифати богатата понуда на Челси, за само една сезона подоцна по секоја цена да инсистира на враќање во Милано.
Токму поради ова, Лукаку доби концизна порака од фановите, кои му порачаа дека го загубил првобитниот статус и повторно мора да се докажува да го заслужи нивното почитување.
– Никогаш нема да скандираме против Лукаку додека го носи дресот на Интер.
– Но, ве повикуваме да не одите во друга крајност и тој мора да го заслужи почитувањете со работа и пот. Ромелу, сега фати се за работа, – порачаа ултрасите на Интер.
Comments