top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Улогата во „Народен непријател“ на Ристановски му донесе Гран при во Никшиќ

Никола Ристановски е добитник на наградата гран при за најдобра машка улога на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022, во Црна Гора, за улогата д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ.

Оваа награда му ја додели жирито во состав: Тања Бошковиќ, претседател, и Славиша Чуровиќ и Тања Перишиќ, членови.

Таа е трета награда по ред за истата улога, по оние на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, и на фестивалот „Нов тврдина театар“, Србија.


1 view

Comments


bottom of page