Украинскиот коментатор на Евросонг го следел полуфиналето во засолниште
Украина синоќа се пласираш во финалето на Изборот за песна на Евровизија. Бендот „Калуш оркестра“ ја воодушеви публиката во Европа, а според многумина, ситуацијата во земјата не е единствената причина зошто момците имаат толку голема поддршка. Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен во делови на Украина, а на „Твитер“ се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следеше натпреварувањето и го пренесуваше на украинската државна телевизија. Мирошниченко го емитува музичкиот спектакл од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на „Твитер“ од страна на британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи. Украина е главен фаворит на обложувачниците оваа година со рекордна поддршка. На песната Stefania ѝ даваат дури 50 % шанси за победа.
Comments