top of page
Search

Ужасна вест за исвиркуваниот играч од „Камп Ноу“: Операција и отсуство од четири месеци

Writer's picture: Aleksandar SantovskiAleksandar Santovski

01.12.2021 Dekemvri Sreda

Пристигнувањето на Чави Ернандес се покажа како нова шанса за докажување на сите играчи кои се дел од првиот тим, бидејќи поранешниот капитен на Барселона најави дека ќе им даде шанса на сите за кои смета дека тренираат напорно и го даваат максимумот за клубот. Откако пристигна во Барса и го наследи Куман, Чави се соочи со доста проблеми со повредени играчи, а денеска пристигна една лоша вест поврзана за играчот кој беше доста лошо третиран од публиката во последно време. Иако е дете на клубот, Серхи Роберто во неколку наврати беше исвиркан од „Камп Ноу“ и тоа посебно го разлути Жерард Пике, но за да бидат работите уште полоши за фудбалерот, сега ќе мора да паузира со месеци. Роберто нема да му стои на располагање на Чави долг временски период, откако Барселона денеска информираше дека ќе мора да подлегне на операција која ќе биде направена во Финска. Фудбалерот за врска кој принудно игра и како бек, има незгодна повреда на квадрицепсот на десната нога, па по извршената операција, ќе отсуствува четири месеци.


 
 

Comments


bottom of page