УЕФА ќе ја казни Англија
Европската фудбалска унија (УЕФА) поведе постапка против Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради однесувањето на навивачите во финалето на Европското првенство. Финалниот меч се одигра на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон. „По истрагата, која ја спроведе етичко-дисциплинскиот инспектор, а по повод инцидентите што се случија на финалниот меч, во кои учествуваа англиските навивачи на и околу стадионот, против ФА е поведена постапка поради кршење на дисциплинските мерки“, се наведува во соопштението на УЕФА. Навивачи успеаја да влезат на стадионот без влезни билети, се шпекулира со бројка од речиси 5.000 луѓе. Англичаните физички ги напаѓале италијанските навивачи во текот на целиот ден, фрлале кон нив со камења и пиротехника и со шишиња и други предмети на теренот. Во финалето на 11 јули, Италија, по изведувањето пенали, ја победи Англија.

Comments