top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

УЕФА ја претстави Македонија во пресрет на ЕП

16.02.2021 februari vtornik

ФУДБАЛ На околу четири месеци до почетокот на Европското првенство (ЕП), Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница ги претставува репрезентациите учеснички. Меѓу нив се Холандија, Украина и Австрија, трите ривали на македонската селекција во групата Ц, на континенталното првенство што треба да се одржи од 11 јуни до 11 јули. По Холандија, Украина и Австрија, УЕФА ја преставува и Македонија, за која ова ќе биде прв настап во завршницата на еден голем фудбалски турнир. Клучен играч во репрезентацијата на Македонија е капитенот, ветеранот Горан Пандев (37), фудбалерот на Џенова, кој е со најмногу настапи и со најмногу постигнати голови за Македонија (114 настапи, 36 гола). Тој го постигна победоносниот гол во плејофот против Грузија, со што го зацврсти статусот на национален херој. Пандев е лидер на тимот, креативен е, поседува одлична техника, асистира, но и постигнува голови. Играчот од средниот ред на Леванте, Енис Барди (31 натпревар, 5 гола) е битен играч на средината на теренот. Тој е добар додавач, асистира, но е закана и за противничкиот гол, особено при прекините, од слободните удари. Според статистиката, тој заедно со Лионел Меси е најдобар изведувач на слободни удари во шпанската Ла лига. Барди настапи на ЕП до 21 година во Полска во 2017 година и поседува искуство од играње на финален турнир. Незаборавни голови. Првиот погодок за Македонија го постига Митко Стојковски, против тогаш актуелниот европски првак, Данска во Скопје, на 7 септември 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996. Но сепак, голот на Пандев во 56-та минута во плејофот-дуелот против Грузија во Тбилиси е без сомнение најважниот погодок во македонската фудбалска историја. Незаборавни моменти. Македонија дебитираше на меѓународна сцена со победата против Словенија од 4-1 на 13 октомври 1993 година во Крањ, а првиот гол за Македонија го даде Зоран Бошковски. Артим Шакири постигна гол директно од корнер против Англија во Саутемптон 2002-та, во квалификациите за ЕП 2004. Вреди да се спомене и победата над Лихтенштајн од 11-1, во 1996 година, во квалификациите за Светското првенство (СП) 1998-та во Франција.



1 view

Comments


bottom of page