УЕФА пресече и откри дали Барса ќе игра во ЛШ, па испрати предупредување до управата
Барселона се вплетка во фудбалски скандал поради претходното раководство на клубот и информациите кои се појавија за наводно поткупување на судиски информации, а иако во целиот случај се вклучи и УЕФА, европската централа ова попладне ги разреши сите дилеми околу најблиската иднина на клубот.
Фудбалската Федерација се огласи со соопштение и посочи дека Барселона ќе може да игра во Европа во сезоната која претстои, но испрати предупредување дека случајот се уште е отворен и ќе бара максимална соработка од челниците на клубот.
УЕФА потенцира дека Барса ќе биде дел од Лигата на шампионите, но не исклучува опција клубот да биде дополнително казнет доколку етичкото тело на УЕФА оцени дека имало нерегуларности околу активностите со судиите.
– Барселона доби привремена дозвола за настап во европските натпреварувања. Сепак, истата не е дефинитивна бидејќи организацијата задржува право за дополнителна одлука за исклучување од натпреварувањата на УЕФА.
– Барселона има обврска да не известува за целиот тек на истрагата која посебно се води во Шпанија и проактивно да делува за собирање на цела спорна документација, – се вели во соопштението на УЕФА.
Comentários