top of page

УЕФА повторно размислува да му го одземе финалето на ЛШ на Истанбул

Европската фудбалска федерација размислува да му го одземе финалето на Лигата на шампионите на Истанбул и веќе има фаворит за домаќин на претстојниот завршен натпревар во најелитното европско натпреварување.

„Дејли Мејл“ објави ексклузивна информација според која УЕФА веќе имала првични разговори со Португалската фудбалска федерација, а целта е финалето да биде префрлено во Лисабон.

Причина за ваквата одлука на УЕФА би била комплицираната атмосфера во Турција поради одржувањето на претседателските избори и стравот дека во Истанбул би можело да има нереди.

Истанбул требаше да биде домаќин на финалето во 2020 и 2021 година, но и во двете ситуации натпреварот беше префрлуван во друг град.

Во игра за завршниот натпревар се Интер, Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити, а патниците ќе бидат познати по реваншите во полуфиналната фаза.


 
 
 

コメント


bottom of page