Search
УЕФА го објави логото за ЕУРО 2024 – 55 знамиња обединети во 6 бои
06.10.2021 Oktomvri Sreda
УЕФА го објави официјалното лого на Европското првенство во 2024 година, кое за разлика од овогодишниот европски шампионат, ќе се оддржи само во една земја, во Германија.
Логото беше презентирано вечерва и формата потсетува на „Олимпијастадионот“ во Берлин, каде што ќе се игра финалето. Формата е отсликана во шесте бои кои меѓу себе ги претставуваат сите 55 знамиња на членките на УЕФА, а во центарот е трофејот за ЕП.
Comentários