top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

УЕФА ги одреди полуфиналните парови во Лигата на нации

03.12.2020

Европската фудбалска федерација вечерва одржа ждрепка со која беа одредени паровите за полуфиналето во актуелната сезона на Лигата на нации.

Четири селекции ќе се борат за трофејот, кој во првата сезона го освои Португалија, а овојпат во игра се Италија, Шпанија, Белгија и Франција.

Италијанците за противник ја добија Шпанија, додека Белгија ќе се соочи со Франција,

Натпреварите ќе се играат во Италија и тоа на „Сан Сиро/Џузепе Меаца“ во Милано каде натпреварите ги играат Милан и Интер, односно на „Алијанц“ во Торино каде настапува Јувентус.

Италија ќе ја пречека Шпанија во Милано на 6 октомври следната година, додека еден ден подоцна во Торино ќе се сретнат Франција и Белгија. Финалето ќе се игра во Милано на 10. октомври.



0 views

コメント


bottom of page