Search
Уганда слави злато во маратон: Виктор Киплангат ги победи Кенијците и Етиопјаните
Етиопија го загуби приматот во маратонското трчање, а златото од Мундијалот во Унгарија патува во Уганда. Атлетичарот од оваа африканска земја, Виктор Киплангат го освои златниот медал во маратонот на Светското првенство што се одржува во Будимпешта.
Киплангат стигна до златото, бидејќи маратонот го истрча за 2:08.53 часа. Сребрениот медал му припадна на Израелецот Мар Тефери (2:09:12), додека бронзата ја освои Етиопјанецот Леул Гебресиласе (2:09:19).
Денес е последниот ден на Светското првенство во атлетика, а сите финални дисциплини се во вечерната програма.
Comments