top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тухел: Тешко е да му се каже „НЕ“ на Баерн

Баерн Минхен е познат по тоа што редовно знае да ги „украде“ најдобрите играчи на неговите ривали во Бундеслигата, но понекогаш не успева во таа цел или поточно играчите се решеваат да заминат надвор од Германија како што е случајот со Каи Хаверц.

Хаверц во 2020 година пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од редовите на Баер Леверкузен и во изминатиов период успеа да му донесе супер важна титула на клубот од Лондон-тоа е онаа во Лигата на шампионите.

Неговиот договор му завршува во 2025 година, па тој ја остава вратата отворена за можна преселба во таборот на „баварците“ каде да потсетиме тренер сега ќе биде Томас Тухел, човекот со кого Хаверц имаше фантастична соработка во Челси.

-Баерн генерално е голем клуб на кого е тешко да се каже „НЕ“ како германски играч, но мојата лична цел отсекогаш била да играм во странство во одреден момент. Во Англија или Шпанија, -вели Каи за „Билд“.


1 view

Comments


bottom of page