top of page

Тухел потврди две засилувања за пресезоната, но се огласи и за капитенот: Нема да го задржувам ако с

Тухел потврди две засилувања за пресезоната, но се огласи и за капитенот: Нема да го задржувам ако сака промена!Томас Тухел на последниот прес потврди дека ќе добие две засилувања за пресезоната, што всушност се играчи кои беа на позајмици оваа сезона и од кои се очекува многу во иднина.

Станува збор за Броја кој блесна во Саутемптон и Галагер кој треба да одработи уште еден меч за Кристал Палас, но покрај тоа што говореше за нив двајца, менаџерот на Челси се огласи и за ситуацијата на капитенот.

Сезар Аспиликуета се поврзува со трансфер во Барселона и предвремен раскин на договорот кој истекува во 2023-та година, но иако Тухел се обидува да спречи такво нешто, сепак додава дека нема да оди против волјата и желбата на фудбалерот.

– Аспиликуета е 10 години во клубот и заработи право да бира што ќе прави. Ако смета дека му е потребен нов предизвик, ќе треба да зборуваме за тоа и нема да правиме проблеми.

– Треба да видиме дали се уште сака да дава 100 проценти за овој клуб и дали е врзан за проектот. Нема потреба да брзаме, привилегирани сме бидејќи има уште една година од договорот и ќе видиме како ќе се одвиваат следните разговори, – изјави Тухел.



 
 
 

Comments


bottom of page