Тухел: Испративме јасна порака со оваа победа над Шпанија
16.11.2026 Noemvri Ponedelnik
Томас Тухел донесе медал за Англија на последното Светско првенство, но самиот вели дека за најголема и најважна ја смета вчерашната победа остварена над Шпанија на нејзин терен.
Англија стави крај на „непобедливата Армада“ и избраниците на Тухел се погрижија да го видиме првиот пораз за Шпанија после 43 натпревари, а тоа дефинитивно донесе голема сатисфакција и кај Германецот кој сепак мораше да трепери во последните 30 минути.
– Покажавме извонредна претстава во првите 60 минути и заслужено водевме со 3:0. Потоа добивме црвен картон, а 30 минути против Шпанија со 10 играчи изгледаат како три часа.
– Испративме јасна порака со оваа победа, покажавме дека во континуитет можеме да играме на врвно ниво. Прекрасно е чувството, сите сме многу среќни и ова е најголемата победа откако сум тука.
– Ова е најдобриот настап откако сум тука, победивме тим кој беше непоразен на 43 натпревари и селектор кон кого имам максимална почит. Го наметнавне нашиот иднетитет од самиот старт и затоа ова го сметам за големо достигнување. Деклан Рајс изјави дека верувал во победа од самиот старт, а истото чувство го делев и јас. Ова беше моментот кога требаше да се докажеме и го направивме тоа. Навистина сум многу горд на оваа победа, – изјави Тухел по победата од 2:3.







Comments