Тухел испрати порака до Ридигер за неговата иднина во Челси
17.09.2021 Septemvri Petok
Германскиот репрезентативец, Антонио Ридигер е во последната година од договорот со премиерлигашот Челси и понатаму останува неизвесно дали тој ќе остане во сегашната средина.
Дефанзивецот игра одлично во дресот на „сините“ и веќе има понуда на маса за нора соработка според која би заработувал по 140.000 фунти на неделна основа, меѓутоа според информации Ридигер не е задоволен од истата особено кога за него има интерес од ПСЖ, Реал Мадрид…
Додека трае оваа ситуација за истата свој коментар имаше тренерот Томас Тухел кој смета дека неговиот сонародник нема ниту една причина да го напушти Челси.
-Се надевам дека ќе најдат решенија, тоа не е само меѓу тренерите и играчите, тоа е она што го посакуваме и затоа е меѓу клубот, играчите и агентот во моментов. Се надеваме дека ќе најдат решени, тоа е се што можам да кажам, тој игра одлично, долго време многу конзистентно и на високо ниво.
-Тој е смирен и фокусиран, тоа не му го одвлекува вниманието. Значи, се е на свое место, дајте им време на работите. Понекогаш е потребно малку подолго, понекогаш работите се многу брзи. Нема вести од моја страна, мислам дека Тони се чувствува многу, многу добро во Челси, се чувствува многу почитуван од соиграчите и ја чувствува важноста што ја има во тимот и во составот.
-Тоа е заслужено затоа што испорачува, чувствува љубов од навивачите кога игра. Тој е во најсилната лига во Европа, во голем клуб, така што нема многу причини тоа да го промени, -порача Тухел.
Comments