Тухел загуби клучен играч за финалето со Ливерпул поради брутален старт: Потребно ќе ни биде чудо (В
Челси го победи Лидс со 0:3 на гостувањето и го потврди учеството во Лигата на шампионите наредната сезона, бидејќи сега и математички го обезбеди најмалку четвртото место на табелата на две кола пред крајот.
Тимот на Тухел постигна фантастичен прв гол по една тимска акција и тоа беше најава за победата, која беше олеснета и поради директниот црвен картон кој го заработи Даниел Џејмс.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед стартуваше брутално над Матео Ковачиќ и лесно можеше да му ја скрши ногата, па сосема оправдано доби исклучување и беше испратен на туширање. Иако застана на нозе, Ковачиќ не можеше да продолжи на теренот, а тоа е огромен минус за Тухел пред големото финале во ФА Купот против Ливерпул кое се игра во сабота.
– Не изгледа добро, зглобот му е отечен и има голема болка. Тоа е истиот зглоб кој веќе му беше повреден и не изгледа добро. Кога Матео бара измена, тоа значи дека не е добро.
– Не сум доктор и ќе треба да му се направат испитувања, но многу е веројатно дека нема да игра против Ливерпул. Тоа се многу лоши вести за нас, бидејќи потребно ќе биде чудо за да игра во финалето, – изјави Тухел.
Yorumlar