Тухел за бесната ѕвезда на Баерн: Треба да сфати дека има конкуренција на неговата позиција
14.02.2024 Februari Sreda
Томас Тухел се наоѓа под се посериозен притисок поради играта која ја прикажува неговиот Баерн Минхен, а дополнително лоша вест за него е што во тимот има и незадоволни фудбалери.
Матијс Де Лихт играше на навистина добро ниво на последните седум натпревари и го надмина лошиот период, но фактот што не доби ниту една минута на дербито со Баер Леверкузен, направи да чуеме и бесна изјава од Холанѓанецот.
Запрашан зошто не играл ниту една минута на „Бај Арена“, Де Лихт одговори со зборовите „прашајте го тренерот“, па Тухел мораше да ја отвори и оваа тема на официјалната прес-конференција пред осминафиналната битка во Лигата на шампионите.
Баерн вечер ќе му гостува на Лацио во Рим, а пред натпреварот, Тухел се огласи за ситуацијата на стоперот.
– Знам дека ова не е лесно за Де Лихт и дека минува низ тежок период. Битката за стоперските позиции е многу силна, а тој имаше и одредени болки во грбот, поради кои доби третман во хотелот. Решив да не ризикувам и да не стартувам со него. Упамекано исто така не можеше да издржи 90 минути и потребни ми беа четворица стопери, еден на клупата. Матијс е борец и таков треба да биде и во иднина, тој се докажа во Јувентус и во Ајакс, но треба да сфати дека тука има конкуренција за своето место. Потребен ни е и ќе сметаме на него во иднина, – изјави Тухел.
Comments