top of page

„Тутоспорт“ ја исправи неправдата: „Златното момче“ повторно во витрините на Барселона (Фото)

Nov 9
1 min read

09.11.2026 Noemvri Ponedelnik

Ламин Јамал порача дека наградата „Копа“ за најдобар млад играч од Франс Фудбал требал да ја добие Пау Кубарси, а две недели подоцна, „Тутоспорт“ се чини ја исправи неправдата со стоперот на Барселона.

Весникот кој традиционално ја доделува најпрестжината награда за фудбалери до 21 година, денеска го избра стоперот на Барселона за најдобар млад играч за 2026-та година, со што значи дека „Златното момче“ повторно се враќа во Барселона.

Наградата која претставува симбол за најквалитетното што се нуди од млад играч во Европа и во светот се враќа во витрините на Барселона по пауза од една година, бидејќи лани за најдобар млад играч беше избран Дезире Дуе.

Последен играч на Барселона кој го доби ова признание беше Ламин Јамал во 2024-та година, а претходно истата награда ја добиваа и Гави и Педри.

Кубарси забележа неверојатни издание во оваа календарска година, во која покрај шампионските титули со Барселона, стана и светски првак со Шпанија на турнирот на кој беше избран за најдобар млад играч.


 
 
 

Comments


bottom of page