top of page

Турција остана без важен ас за нокаут фазата на ЕП

Селекцијата на Турција успеа да ја мине групната фаза на Европското првенство, но веќе на стартот на нокаут рундата ќе има исклучително тешка задача затоа што за ривал ја има репрезентацијата на Франција.

За тој меч кој е закажан за утре од 12 часот во Берлин, селекторот Ергин Атаман нема да може да смета на еден од најзначајните играчи Шејн Ларкин. Американецот со турски пасош има потешка повреда на шутерската рака за која потребна е операција и за него овој шампионат е завршен што е тежок удар за Турците.

Поради оваа повреда Ларкин ќе го пропушти и стартот на новата сезона затоа што ќе треба да паузира околу два месеци.


 
 
 

Comments


bottom of page