top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Турскиот бек Халил Озтурк го засили Металург

РАКОМЕТ

Турскиот централен бек Халил Озтурк (25 год.) е новото име што ќе ги засили редовите на Металург. Озтурк доаѓа во Автокоманда од редовите на турскиот шампион Спор тото, чиј член беше минатата сезона. – Многу сум среќен и возбуден што доаѓам во голем клуб како Металург, бидејќи ова е голем чекор напред во мојата професионална кариера. Особено ме радува одличниот прием на тренерот и соиграчите и тоа што одлично се работи за време на тренинзите. Ветувам дека ќе го оправдам мојот ангажман со давање на мојот максимум во остварување на клупските амбиции, а со мојата добра игра би сакал на најдобар можен начин да ја претставам мојата земја – изјави Озтурк по приклучувањето кон тимот на подготовките во Маврово. Озтурк потекнува од редовите на турскиот тим Нацинал лотарија, чиј член бил до својата 22. година. Во сезоната 2018/2019 беше дел од турскиот тим Гозтепе, а последните две сезони ги мина во редовите на Спор тото, со кој годинава го освои турскиот шампионат. Зад себе Озтурк има 55 настапи за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот. Претходно, Металург сезонава своите редови ги засили со тројца Французи, браќата Оливие и Кевин Њокас и Абдула Мане, Португалецот Улисис Рибеиро и македонските ракометари Костадин Петров, Бобан Каковски и Димитар Бардаковски.


3 views

Comments


bottom of page