top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Турски судии ќе ни судат во Злин

Македонија е на само еден чекор од пласман на Светското првенство или поточно до местото до мундијалот не дели една пречка, а тоа е селекцијата на Чешка.

Со Чесите ќе се соочиме двапати во текот на оваа седмица, првата битка е закажана за денеска од 20:15 во Злин, додека реваншот се игра во Скопје во недела од 19 часот. EХФ веќе ги одреди судиите за овој двомеч, па така за првата битка задолжение ќе бидат арбитрите од Турција, Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз, додека делегат ќе биде Балаж Сос од Унгарија.

Дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ пак ќе го судат Португалците Дуарте Сантош и Рикардо Фонсека, делегат ќе биде Италијанецот Марко Треспиди.


4 views

Comentarios


bottom of page