Туристичкиот потенцијал на Македонија на филм
По успешната промоција на Овчеполскиот Регион и објавената книга „Управување и маркетинг на туристичкиот потенцијал на Овчеполската Котлина“, Никола Ристевски од Свети Николе продолжува со промоцијата на туристичките атракции, не само на Овчеполието туку и на цела Македонија. На каналите на „Продукција Аристон“ на Рамбл и Јутјуб веќе може да се погледне документарниот филм „Туристичкиот потенцијал на Македонија“, во кој се вклучени многу снимки од добро познати и малку промовирани локации во Македонија. Документарниот филм е во копродукција на „Аристон“ и телевизијата Сонце, а е поддржан и од Меѓународниот славјански универзитет.
Од август до ноември, на јутјуб-каналот на продукцијата „Аристон“ беа објавени пет епизоди од документарната серија „Волшебна Македонија“. Серијата е во копродукција со телевизијата Сонце, а генерален покровител е Ѓорѓија Атанасоски. Во „Волшебна Македонија“ можат да се слушнат многу податоци, но и да се видат прекрасни снимки од многу значајни места низ Македонија.
Комментарии