top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тројца ракувале со пиштолот со кој пукаше Болдвин, пронајден смртоносниот куршум

27.10.2021 Oktomvri Sreda

Полицијата тврди дека поседува куршум испукан од пиштолот што го користел актерот Алек Болдвин кога случајно ја застрела и уби камерманката за време на снимањето на неговиот нов филм „Р’ѓа“ во Ново Мексико.

Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, на прес-конференција рече дека е премногу рано да се каже дали ќе биде покренато обвинение за пукањето, во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс, режисерот Џоел Соуза беше ранет.

„Куршумот што ја уби Хачинс беше извлечен од рамото на Соуза“, рече шерифот Мендоза.

Тоа може да се види откако вчера беше објавено видеото на кое се гледа како таа стои пред Болдвин пред актерот случајно да ја застрела на сетот на вестерн-филмот.

Судските документи откриваат дека Болдвин вежбал кога го повлекол револверот и го вперил кон камерата. Хачинс била застрелана во градите по пукањето од оружјето, пренесува „Скај њуз“.

Мендоза, откри дека со пиштолот ракувале три лица – помошникот-режисер, пиштолџија и Алек Болдвин.

„Сите тројца соработуваат со нас во истрагата и дадоа изјави“ рече шерифот Медноза и додаде дека полицијата собрала околу 600 докази од местото на настанот, вклучувајќи три парчиња огнено оружје и околу 500 парчиња муниција.

Тој наведува и дека друга борбена муниција можеби била на снимањето на филмот. Куршумите допрва треба да се тестираат во криминалистичката лабораторија на ФБИ во Вирџинија. Од пронајдените 500 куршуми имало „мешавина од ќорци, лажни куршуми и вистински“.

Окружниот обвинител во Санта Фе, Мери Кармак-Алтвис вели дека голем дел од истрагата допрва треба да се спроведе.


2 views

Comentários


bottom of page