Тричковски по простувањето од Европското првенство: Им благодарам на сите
21.06.2021 Juni Ponedelnik
Еден од најискусните фудбалери на репрезентацијата на Македонија, Иван Тричковски, по крајот на натпреварот со Холандија, а со тоа и крајот на нашето учество на Европското првенство ги даде своите импресии за историскиот настап на едно големо натпреварување.
Тричко, кој многу веројатно ќе ги следи стапките на Горан Пандев и ќе се пенизонира од репрезентацијата упати благодарност до фудбалерите кои претходно изборија пласман на Европското првенство со што му овозможија и тој пред крајот на кариерата да заигра на вакво натпреварување за кое секој фудбалер сонува.
– Ова е едно големо искуство за сите нас кое за жал го завршивме на ваков начин. Сепак, кога ќе земеме се во целина, треба да бидеме задоволни и горди за се што направивме до сега. Оваа репрезентација заслужи настап на ова првенство, а младината има иднина в репрезентативниот фудбал.
– Горд сум на сите што ми овозможија на оваа возраст да доживеам едно Европско првенство, ова е сон кој го имав уште од дете. Имавме свои шанси, да беше признаен голот можеби ќе беше поинаков текот на натпреварот. За крај да порачам дека сме горди и мора да гледаме само напред, -заврши Тричковски.
Comentários