top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Тричковски: Атмосферата во тимот е одлична, Ангеловски го има последниот збор

Иван Тричковски е еден од најискусните играчи и највозрасните репрезентативци во македонската фудбалска селекција, која денеска го одработи и четвртиот тренинг во Букурешт пред толку очекуваната премиера на Европското првенство.

Македонија во недела го игра првиот меч против Австрија, а по завршувањето на денешниот втор утрински тренинг воден од селекторот Игор Ангеловски, со своја прва изјава пред континенталниот турнир се јави напаѓачот на АЕК Ларнака кој имаше фантастична сезона на Кипар.

– Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови и тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација.

– Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Цела Македонија сонуваше за Европско првенство, среќни сме што ја ставивме Македонија на европската фудбалска мапа.

– Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството.


1 view

Комментарии


bottom of page