top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Триумфален настап на танцовото студио „Мистик“ во Прага

Tанцовото студио „Мистик“ од Гевгелија освои четири први, едно второ место и специјална награда за најдобра група на Меѓународниот денс фестивал „Прага денс опен“ кој изминатите четири дена се одржуваше во чешката пртестолнина.

Студиото „Мистик“ постои од 2008 година како секција по урбани танци при Пионерскиот дом во Гевгелија, а од 2014 година и официјално како танцово студио „Мистик“.

– Пресреќни сме, што во многу силна конкуренција триумфиравме во повеќе категории. Сите напорни проби, сите подготовки и целиот вложен труд на тимот се покажа дека не било залудно. Најважно е што ние уживавме во нашите настапи и пресреќни се враќаме дома – во еден глас изјавија братучетките Драгана Каракабакова и Лили Панова, кои се дел од танцовото студио „Мистик“.

Фото: Танцово студио „Мистик“

Танцовото студио „Мистик“ од 2012 година е дел од интернационалните танцови натпревари. Првиот скромен настап со една детска хипхоп група го имаше на фестивал во Римини, Италија (2012), каде го освои високото второ место, кое на екипата и даде поттик уште поинтензивна, попосветена работа и подготовка за учество на меѓународни натпревари. Во изминатите години студиото „Мистик“ постигнуваше забележителни резултати и на натпреварите во Виена (2015 и 2018 година), Крф (2015) и Прага (2016).







1 view

Comments


bottom of page