Триумф на Лајпциг, неуспешно деби на Кејн
ФУДБАЛ – ГЕРМАНСКИ СУПЕРКУП
Фудбалерите на бундеслигашот Лајпциг, по малку неочекувано, успеаја убедливо, со 3-0 (полувреме 2-0), да го совладаат Баерн Минхен во Суперкупот на Германија. Натпреварот на „Алијанц арена“ беше мошне непријатен за неприкосновениот германски првак, а патем и дебито на англискиот фудбалер Хари Кејн, кој дојде во Баерн Минхен во новата сезона, беше неуспешно. Затоа, пак, феноменално одигра Шпанецот Дани Олмо, постигнувајќи хет-трик, за прв успех на Лајпциг во новата натпреварувачка сезона. По само три минути гостите поведоа, а вториот погодок Олмо го реализира откако успеа да се ослободи од двајцата свои чувари и да го совлада голманот Улрих во 44-та минута. Во второто полувреме Баерн Минхен, предводен од тренерот Тухел, се обиде да се врати во игра, но не помогнаа и неколкуте измени. Лајпциг успеа дури и да го зголеми водството од удар од 11 метри, повторно преку Олмо, за конечни и 3-0 против Баварците. Г.И.
Kommentare