Тринаесет романи во поширокиот избор за престижната награда „Букер“
- Aleksandar Santovski
- Mar 16, 2022
- 1 min read
Меѓународната Букерова награда, која ги истакнува делата на најдобрите преводи на литературни дела низ светот, објави поширока листа за годинашниот избор со 13 романи. Изборот е направен од 135 пријавени книги, кои се преведени од 10 светски јазици, годинава за првпат од хинди. Книгите доаѓаат од 12 различни земји, од четири континенти. „Проколнат зајак“ – Бора Чанг, преведено од корејски „По сонцето“ – Јонас Еика, преведено од дански „Ново име: септологија VI-VII“ – Џон Фос, преведено од норвешки „Повеќе отколку што го сакам мојот живот“ – Дејвид Гросман, преведено од хебрејски „Книга за мајката“ – Вајолејн Хуизман, преведена од француски „Рај“ – Миеко Каваками, преведен од јапонски „Рај“ – Фернанда Мелкор, превод од шпански „Љубов во големиот град“ – Санг Јанг Парк, преведено од корејски „Среќни приказни, главно“ – Норман Ериксон Пасарибу, преведено од индонезиски „Елена знае“ – Клаудија Пинеиро, преведено од шпански „Фенотипови“ – Пауло Скот, преведено од португалски „Гробница од песок“ – Гитајали Шри, преведено од хинди „Книгите на Јаков“ – Олга Токарчук, превод од полски Првиот на листата ќе добие награда од 50 илјади фунти, а оваа награда ја делат авторот и преведувачот на делото. Сите во потесниот круг ќе добијат по две и пол илјади фунти, а потесниот избор ќе биде објавен на 7 април. Победникот ќе биде објавен на 26 мај, а минатогодишен победник е книгата „Ноќе целата крв е црна“ на Дејвид Диоп, во превод на Ана Московакис.

Comments