Тринаесет години од смртта на „кралот на попот“:Музиката на Мајкл Џексон влијателна и денес
Мајкл Џексон, култниот „крал на попот“ е планетарно популарен 13 години по неговата смрт.
Неговото влијание врз музиката владее и денес, тоа најмногу го гледаме преку уметниците од новите генерации, а неговите песни навистина зборуваа за општествени проблеми, од кои некои се актуелни и денес.
Смртта на Мајкл Џексон на 25 јуни 2009 година во 14 часот по локално време на Пацификот го потресе целиот свет.
Веста ја соопшти Л.А. Тајмс и Си-Би-Ес и Волф Блицер од Си-Ен-Ен ја нарекоа смртта на џинот „трагичен и многу тажен момент“.
Починал од срцев удар. Според истрагата, за смртта на Џексон е одговорен неговиот личен лекар Конрад Мареј, кој е осуден на четири години затвор за убиство од небрежност.
Мајкл Џексон остави музичко творештво со кое растат денешните деца. Најголемите хитови што сè уште можеме да ги слушнеме денес се „Billie Jean“, „They Don’t Care About Us“, „Smooth Criminal“ и многу други.
Пред 40 години Џексон објави албум кој го зацврсти неговиот статус на најголема светска поп ѕвезда.
Објавен на 30 ноември 1982 година, „Thriller“стана најпродаваниот музички албум во светот во историјата и сè уште ја држи таа титула. Значајниот албум, кој содржи хитови како насловната песна, како и „Beat It“ и „Billie Jean“, е продаден во повеќе од 33 милиони примероци само во САД.
Според Гинисовиот рекорд, албумот е продаден во повеќе од 100 милиони копии ширум светот.
Но, тоа не е единствениот светски рекорд што го собори Џексон. Тој собори 39 Гинисови рекорди. Меѓу другото и за најдарежливиот филантроп во историјата.
Comments