top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Трибина „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“

РСМ НУ Македонски народен театар – Скопје има чест да ве покани на трибината „Македонскиот драмски автор на сцената на МНТ“. Настанот ќе се одржи на 3 април 2023, понеделник, во 12 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар – Скопје по повод 78 години од првата премиера на театарот. Модератор на трибината е проф. д-р Ана Стојаноска, а за значењето на драмскиот автор ќе говорат и самите автори Јордан Плевнеш, Русомир Богдановски, Дејан Дуковски и Сашо Димоски, чии драмски текстови се поставени во МНТ, како и Бранко Ставрев, кој е режисер на најмногу претстави од македонски автори во МНТ. На сцената на МНТ од самите почетоци (третата поставена претстава е „Чорбаџи Теодос“, премиера: 16.8.1945 година) до денес постојано се поставуваат дела од македонски автори. Од досега над 400 поставени/обновени претстави, повеќе од 100 се дела на македонски автори од разни генерации. Целта на оваа трибина е да се прикажат авторите од разни генерации, чии дела во континуитет постојано се прикажуваат на сцената на театарот. Тоа се, меѓу другите, Војдан Чернодрински, Антон Панов, Ристо Крле, Васил Иљоски, Живко Чинго, Коле Чашуле, Богомил Ѓузел, Русомир Богдановски, Горан Стефановски и други. ПР







1 view

Comments


bottom of page