top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Три фестивалски награди за претставата “Кармен” на Драмски театар

Македонската актерка Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Кармен во истоимената претстава на Драмски театар – Скопје ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р.Албанија.

Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на монодрамата “Кармен” која воедно е прогласена и за најдобра претстава на Фестивалот.

На 15-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“ што се одржа од 1 до 5 јули пред многубројна публика од целиот регион на Пустец настапија неколку македонски професионални театри и хорот Св.Злата Мегленска.


1 view

Comments


bottom of page