top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Три пиеси на Венко Андоновски преведени на руски

24.09.2021 Septemvri Petok

Во Москва деновиве излезе од печат обемен (280 страници) избор пиеси од Венко Андоновски.

Книгата ја објави реномираниот руски издавач „У Никитских ворот”. Составител и преведувач на книгата е Олга Панкина, популаризатор на македонските културни вредности во Русија.

Таа вели дека Венко Андоновски во Русија е познат по неколку раскази и романите „Папокот на светот” и „Азбука за непослушните”. За романот „Папокот на светот” ја доби литературната награда „Jугра” (2013). Сега дојде ред пошироко да биде претставен како драматург.

Книгата ги содржи пиесите „Словенски ковчег”, „Олово на перницата” и „Граница”. На корицата на книгата се наведени зборовите на познатиот руски писател Евгениј Водолазкин.

“Драматургијата на македонскиот автор има за нас посебен интерес: нашата заедничка словенска култура се претставува тука во сосема друг свој извод. Балканот е необично место каде заемното проникнување на народите и културите, на митологијата и современата свест достигнуваат највисок степен. Сето тоа Венко Андоновски опишува, користејќи ги зборовите на Бродски, со “кирилицин знак”. Опишува со големо мајсторство и, што по мое мислење е многу важно, со блескав хумор”, пишува Водолазкин.

Според Олга Панкина, задача на книгата е да предизвика интерес за македонската драма и театар пред се кај руски театарски дејци, режисери. Во октомври таа планира да го промовира зборникот на театарскиот фестивал во градот Долгопрудни, а постои и можност барем една од пиесите да биде поставена на руската сцена.

Со овие три пиеси списокот на драмите преведени од Олга Панкина достигна 20.


1 view

Comments


bottom of page