top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Три нови национални установи од областа на културата

На предлог на Министерството за култура, Владата разгледа и усвои информација за потребата да се основаат три нови национални установи од областа на културата. Се работи за формирање на „Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ во Смилево, „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово и национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола.

„Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, како што се наведува од Владата, функционира како депанданс на Завод и музеј – Битола, иако е оддалечен повеќе од триесет километри од матичната институција. Според информацијата формирањето на оваа институција е од важност поради тоа што во него, преку текстуални документи и фотографии е претставено значењето на Смилевскиот конгрес од 1903 година.

Втора национална установа, која исто така ќе се основа е и „Музички театар“ во Република Северна Македонија – Тетово. Основна дејност на оваа установа ќе биде изведба, промоција и афирмација на албанската класична, џез, вокална и вокално-инструментална музика, а програмските определби ќе имаат рамноправен пристап кон сите граѓани.

Новата национална установа „Камерен оркестар на Битола“ – Битола, пак, се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски плански регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен.

Инаку, Министерството за култура е задолжено до Владата да достави одлуки за основање на овие национални институции.


0 views

Comments


bottom of page